ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Тиквеш договори пет контролки, „генералка“ против Победа

Второлигашот Тиквеш од Кавадарци веќе неколку дена се подготвува за пролетната полусезона со шефот на стручниот штаб Пане Блажевски.
Клубот закажа пет пријатели натпревари преку кои ќе се темпира формата за пролетниот дел од првенството во Втората лига – Исток.

Првиот натпревар се игра со Беласица на 21. јануари, потоа следи контролка со радовишка Плачковица на 30. јануари, за 6. февруари е закажана контролка со прволигашот Работнички. Четвртиот контролен натпревар ќе се игра со кочански Осогово на 13. февруари, додека „генерлката“ ќе биде против прилепска Победа, а натпреварот е закажан за 20 февруари.