ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Тиквеш денес на тест со Ренова

Екипата на Тиквеш која се подготвува во Охрид за новата сезона од Првата лига, денес ќе одигра четврт контролен натпревар против Ренова.

Контролката ќе биде одиграна на „Билјанини Извори“ со почеток од 17:30 часот.

Претходно, Тиквеш одигра два контролни натпревари во Кавадарци против Работнички и Македонија ЃП, и на двата натпревари кавадаречкиот прволигаш беше подобар. Вчера, повратникот во ПМФЛ, исто така, одигра контролен натпревар со Охрид во формат од две полувремиња од по 30 минути, а заврши без победник и без погодоци (0:0).

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!