Европски ФудбалФудбал

Тие знаат кој им носи титули: Симеоне во Атлетико до 2024 година

Аргентинскиот тренер Диего Симеоне го продолжи договорот со Атлетико Мадрид, актуелниот шампион на Шпанија, до 2024 година. Популарниот „Чоло“ е во клубот од 2011 година.

Финансиските детали за договорот не се соопштени, но најавено е дека целиот стручен тим на Симеоне ќе ја продолжи соработката со Атлетико.

Во претходната сезона, тренерот од Буенос Аирес ги предводеше „јорганџиите“ до 11-та титула шампион на Шпанија во историјата, втора во неговиот мандат.

Со клубот од стадионот „Ванда Метрополитано“, 51-годишниот Аргентинец ја освои Примера во 2014 и 2021 година, Купот на кралот во 2013 година, Лига Европа во 2012 и 2018 година, а во два наврати беше втор во Лигата на шампионите – во 2014 и 2016 година.

Претходно работел како тренер во Расинг Клуб, Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!