ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Тетекс ја продолжи соработката со Демири и Иванов

Второлигашот Тетекс започна да работи на ростерот за следната сезона во Втората лига – Запад. Клубот пред два дена потврди дека шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски и неговиот помошник Дејан Цветковски и следната сезона ќе го предводат тетовскиот клуб.

Тетекс информираше дека е постигнат договор за продолжување на соработката со уште двајца стандарни фудбалери. Станува збор за прволигашкиот тандем, Димитар Иванов и Хусеин Демири кои и следната сезона ќе останат да ги бранат боите на Тетекс.

Инаку, во клубот остануваат и Коста Богоевски (кондициски тренер), Миле Спировски (тренер на голмани) и Ивица Пејовски (физиотерапевт).

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!