ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Тетекс ја обезбеди одбраната – шест играчи остануваат во Тетово

Второлигашот Тетекс од Тетово продолжува со градењето на тимот за следната сезона во Втората лига – Запад. „Штофарите“ ставија фокус на одбраната и ја продолжија соработката со шест играчи.

Од тетовскиот клуб информираат дека е продолжена соработката со Борјан Пановски, Силвио Ангеловски, Нинослав Здравкоски, Сенад Ислами, Виктор Јовановски, Кристијан Јордановски кои и следната сезона ќе го носат дресот на Тетекс.

Од клубот најавуваат и нови засилувања кои ќе бидат објавени во следниот период.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!