ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Тетекс го засили нападот со Димитар Иванов

Второлигашот Тетекс го врати Димитар Иванов во своите редови и потпиша договор со 25-годишниот напаѓач.
Иванов меѓу „штофарите“ доаѓа од кочански Осогово каде играше во изминатата полусезона. Во својата кариера има настапува за Металург, Вардар, Љубанци, Тетекс, Еуромилк ГЛ, Силекс, Кожуф од Гевгелија, Тиквеш, Пелистер и Осогово.
Тетекс есенскиот дел од сезоната го заврши на осмото место на табелата со 13 бодови, колку што има и Вардар Форино кој е место подолу на табелата. Во пролетниот дел од сезоната „штофарите“ ќе имаат единствена цел – опстанок во Втората лига – Запад.