Тетекс го изненади фаворитот Велешта и го грабна целиот плен

Тетекс го шокираше фаворитот Велешта и на домашениот снежен терен запиша голема победа од 2:1 и го грабна целиот плен, во меч од 20. коло од Втората лига – Запад.
Тетовци водат борба за опстанок, а после денешната победа која за нив беше петта, се одлепија од Дрита и чекорат кон средината од табелата.
Тетекс прв дојде до водство со голот на Демири Хусеин постигнат во 16. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел мрежите мируваа и на двете страни.
Во второто полувреме Тетекс со гол од пенал зголеми на 2:0, а успешно го реализираше Демири. По пет минути игра Велешта со гол на Асани Бујамин намали на 2:1. До крајот на мечот гостите се обидуваа да дојдат до бод, но Тетекс мудро се чуваше и дојде до целиот плен кој за нив значи опстанок.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Останатите натпревари ќе бидат одиграни во среда, со што колото ќе биде комплетирано.
Во однос на табелата, Тетекс и понатаму е на осмото место со 18 бодови и сега има негатива од два бода во однос на Кадино, додека пак Велешта останува на второто место со 37 бодови.