ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Тетекс ги стартуваше подготовките за пролетниот дел

Македонскиот второлигаш Тетекс вчера ги стартуваше подготовките за пролетниот дел во Втората лига – Запад.

Управниот одбор на клубот од Тетово им посака успешна работа на фудбалерите и на стручниот штаб, а потоа тренерот Славчо Георгиевски и неговиот помошник Дејан Цветковски го одржаа првиот воведен тренинг со фудбалерите.

Засега официјално тимот се засили со Стефан Богдановски од Кадино, Владимир Жоглев од Беса и голманот Бојан Тимевски ,,повратник” од Локомотива Градско.

Да напоменеме дека од повреда во тимот конечно се врати Христијан Стојановски.

Од фудбалерите кои настапуваа во есенскиот дел Тетекс се заблагодари на услугите на Димитар Иванов, Хусеин Демири, Ринор и Рилинд Ајдини, Андреј Јаневски, Михаил Алексов, Сенад Ислами, Арменд Адеми и Руфат Чилафи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!