ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Тетекс денес се засили со Сашо Шопоски

Второлигашот Тетекс денес и официјално се засили со Сашо Шопоски. 23-годишниот стружанец во Тетово доаѓа од штипска Брегалница и ќе остане до крајот на сезоната.
Шопоски ќе биде големо засилување во средниот ред на „штофарите“, а во својата кариера има настапувано и за екипите на Металург, Тиквеш од Кавадарци, прилепска Победа и Пелистер.
Тетекс во пролетната полусезона влегува со единствена цел – борба за опстанок во Втората лига – Запад.