ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Тест меч со ОСУМ гола и без победник меѓу Црно Буки и Демир Хисар

Третолигашите Црно Буки и Демир Хисар одиграа контролен натпревар кој заврши без победник со резултат од 4:4. Во првиот дел од натпревар новиот член на Третата лига – Југозапад, екипата на Демир Хисар имаше водство од 1:3.

За екипата на Црно Буки стрелци на погодоците беа Јове Трајковски, Благоја Наумоски, Оливер Даралиовски и Кристијан Ѓорѓиовски.

Новата сезона од Третата лига – Југозапад ќе стартува в недела со натпреварите од првото коло.

Црно Буки новата сезона ја отвара против повратникот Ложани, додека пак новајлијата Демир Хисар ќе стартува на домаше терен против фаворитот Новаци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!