ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Теодор Николовски потпиша професионален договор со Работнички

Иднината на Работнички е во младите и талентирани фудбалери од сопствената школа. Основниот темел на клубот и понатаму останува црпење на кадри од фудбалската академија, а оваа зима клубот промовира уште еден голем талент.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШАТА ВИЛА <<<

Теодор Николовски потпиша професионален договор со Работнички. Тој веќе подолг период тренира со сениорскиот тим и се стекнува со неопходното искуство, а истовремено игра натпревари со своите врсници во генерацијата.

„Теодор Николовски е еден од најталентираните млади фудбалери во академијата на Работнички и клубот одлучи да му понуди професионален договор. Веруваме дека тој ќе го развие својот талент затоа што има предиспозиции и за голема меѓународна кариера“, вели спорскиот директор Горан Станковски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!