ЕУРО 2020Фудбал

Ташев: Верувам во нов успех на Македонија на Европското првенство!

За две недели започнува Европското првенство, а Македонија за првпат ќе игра на ЕП. Нашите фудбалери ќе играат во група со Украина, Австрија и Холандија.

Кратка изјава за Спортска Мрежа за настапот на Македонија на ЕП даде поранешниот југословенски и македонски младински репрезентативец Горан Ташев.

„Ако играме како со Косово и Грузија имаме шанси за изненадување во групата и пласман понатаму. Играме во извонредна форма и верувам во успех на чело со капитенот Горан Пандев, Алиоски, Барди, Елмас, ќе успееме да им направиме големи проблеми на Холандија, Австрија и Украина. Морам да нагласам дека и со Чурлинов сме уште подобри во навалната линија, фудбалерот на Штутгарт е фантастичен талент и ќе придонесе многу во нападот. Верувам во селекторот и верувам во нов успех и пласман понатаму во групата фаза“, истакна Ташев.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!