ФудбалФудбал - Прва женска лига

Талевска стави потпис на нов договор со ЖФК Каменица Саса

Мила Талевска останува и понатаму во ЖФК Каменица Саса, откако вчера 21-годишната фудбалерка стави потпис на нов договор со важност од две ипол години. Талевска која останува во Македонска Каменица до јуни 2023 година одигра одлични две сезони во дресот на актуелниот шампион.

Талевска е универзална фудбалерка од средниот ред, а во својата кариера има настапувано за екипите на ЖФК Топ Гол од Битола, ЖФК Конзули Јунајтед од Битола и ЖФК Атлетико исто така од Битола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!