ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Талески: Среќен сум што сум во Тетово, Шкендија е желба на секој голман од домашното првенство

Голманот Давор Талески официјално потпиша за Шкендија и беше промовиран во дресот на тетовскиот прволигаш. Тој во Тетово доаѓа од Струга, а со Шкендија стави потпис на тригодишен договор.

Талески не го криеше задоволството од трансферот во Тетово.

„Среќен сум што сум во Тетово и што сум дел од Шкендија. Желбата на секој голман од домашното првенство е еден ден да заигра за Шкендија. За мене ова е многу голем предизвик со оглед на тоа што Шкендија секоја година настапува во европските натпреварувања и ова ќе биде одлична можност да ги покажам сите квалитети што ги поседувам. Им благодарам на челниците на клубот што ми овозможија да дојдам во Тетово. Ви ветувам дека ќе бидам целосно посветен во дресот на Шкендија“, изјави Талески по потпишувањето на договорот.

Во својата кариера Талески има настапувано и за Пелситер, Брегалниц, Победа, Металург и 11 Октомври, додека пак на меѓународната сцена беше дел од АЕ Лариса во Грција и Хонка од Финска.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!