ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Талески и Аргентинецот Зарате се нови фудбалери на Борец

Велешки Борец продолжува со засилувањата за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Нови фудбалери на Борец се Алекс Талески и Гонзало Зарате.

21-годишниот Македонец со австралиски пасош, по две години се враќа во македонскиот фудбал, откако во сезоната 2018/19 настапуваше за Вардар, а во Борец доаѓа од редовите на Данденонг Сити. Талески потпиша двегодишен договор, додека покрај него освежување во офанзивата на Борче Христов ќе биде и Гонзало Иван Зарате. Се работи за 26-годишен Аргентинец, кој игра на неколку позиции во нападот, а доаѓа од Атлетико Хувентуд.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!