Куп на МакедонијаФудбал

Таири: Се надевам дека оваа година ќе го донесеме пехарот од Купот во Струга

Денес се играат натпреварите од првата рунда од фудбалскиот Куп на Македонија. Во првата рунда, моменталниот непоразен лидер во ПМФЛ, Струга Трим Љум ќе гостува во Неготино каде ќе ги одмери силите со третолигашот Вардар.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Сосема очекувано фаворит на овој меч ќе биде Струга, која во Неготино не би требало да има поголеми проблеми за да обезбеди следна фаза од Купот.

Фљамур Таири очекува дека неговиот ќе стигне до финалето и дека на крајот пехарот ќе заврши во Струга.

“Го проценивме противникот, па се надевам дека и ова натпреварување ќе го започнеме на добра нога. Нашите цели се да стигнеме до финалето, бидејќи во последните 3 години, 3 пати стигнавме до полуфинале. Се надевам дека оваа година ќе стигнеме до финалето и дека на крајот ќе го донесеме пехарот во Струга“, рече Таири.

Натпреварот ќе започне во 15:00 часот, а главен судија ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!