Европски ФудбалФудбал

Тадиќ пред потпис со италијански гигант!

Даниел Лонго, новинар на „Калчомеркат“, објави дека Душан Тадиќ, капитенот на српската фудбалска репрезентација и играч на Ајакс, е пред потпис на договор со славниот Милан. Тадиќ, наводно, се согласил за неговите услови, останало уште клубовите да се договорат за висината на обештетувањето.

Во својата досегашна кариера, Тадиќ играше за Војводина, Гронинген, Твенте, Саутемптон и гореспоменатиот Ајакс. Тој пристигна во составот од Амстердам во 2018 година и постигна 53 голови на 93 натпревари. Најзаслужен е за трите титули што Ајакс ги освои во тој период.

Тадиќ е член на репрезентацијата на Србија од 2008 година. Досега, на 76 натпревари, тој ја погоди мрежата на противникот 16 пати.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!