ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ТАБЕЛА: Воска Спорт со максимални бодови на врвот, Детонит Плачковица на второ место, Борец и Саса без бодови

Во саботата беа одиграни натпреварите од 3. коло од Втората македонска фудбалска лига.

На врвот од табелата со максимални 9 бодови е екипата на Воска Спорт од Охрид. Минатата сезона охриѓани играа бараж за влез во Првата лига, но во историскиот меч потфрлија и загубија убедлив од Тиквеш, кој го задржа прволигашкиот статус. Воска, сезонава тргна одлично, а целта ќе биде иста како и минатата сезона, историски влез во елитата на Македонија.

Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен

По три кола дефинитивно најпријатно изненадување е екипата на Детонит Плачковица, која викендот одигра 1:1 против Вардар, а може да жали бидејќи трите бодови можеа да останат во Радовиш.

Горан Здравков минатата сезона ја презеде тренерската клупа на Детонит и успеа да го спаси од испаѓање во Трета лига – Исток, а летото двата градски ривали Детонит и Плачковица се фузираа во еден клуб, а тоа се чини како полн погодок. Здравков направи компактна екипа која дава резултати. Во првото коло беше декласирана Беласица, додека пак во второто коло падна и Тетекс со убедливи 1:3 среде Тетово. Позитивните резултати и одлични игри на радовишани продолжија и во саботата против Вардар, каде пред околу 2000 гледачи на Градскиот стадион во Радовиш, дерби мечот заврши без победник 1:1.

Детонит Плачковица има зошто да жали бидејќи одигра перфектен меч против најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Ресторан во Дојран познат по специјалитетот- риба на трска и фантастичниот поглед на Дојранското Езеро

Третопласирана екипа на табелата е Пелистер од Битола со седум бодови колку што имаат и радовишани, но битолчани поради полошата гол-разлика се на третата позиција. Ланскиот прволигаш сезонава има за цел да направи експресен кам-бек во елитата.

Со седум бодови на четвртото место е Вардар. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб успеа да го преживее Радовиш и дома да се врати со бод. Ваквиот резултат резултираше Вардар да се најде на четвртото место на табелата по три одиграни кола.

Хаосот што се случуваше во таборот на Гостивар резултатираше со реми во рамки на 3. коло против Беса од Добри Дол (0:0) и со тоа Гостивар се спушти на петтото место на табелата.

Слога од Виница и Беса од Добри Дол со по пет освоени бодови го делат шестото место на табелата, додека пак Караорман и Охрид со по четири бодови ја делат осмата позиција.

Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро

Беласица ги разочара своите навивачи, но и многумина други. Струмичани имаат лош старт во новата сезона, откако во првото коло претрпеа висок пораз од Детонит Плачковица во Радовиш, во второто коло брзо се рехабилитираа и го „треснаа“ Борец со 5:0. Сепак, во саботата во рамки на 3. коло во Струга, Беласица „потона“ во Охридско Езеро, откако беше убедливо поразена од Караорман со 3:1. По три кола Беласица има само три бодови и се наоѓа на десетото место на табелата, колку што има и Тетекс и Арсими.

Кожуф и Локомотива Пехчево во саботата ги запишаа своите први бодови. Кожуф на „Билјанини Извори“ одигра 0:0 против Охрид, а 0:0 одиграа и Локомотива Пехчево против Слога од Виница.

ВАШИОТ ПОГЛЕД Е ОВДЕ – МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА 074 241 247

Без бодови остануваа и понатаму Каменица Саса и Борец. Најголемо разочарување на стартот од новата сезона дефинитивно се и двете екипи. Саса која лани до последните кола се бореше за бараж за влез во Прва лига, сега ќе се бори за опстанок во второлигашкото друштво. Борец, кој лани настапуваше во Прва лига, сега е на дното од табелата без бодови со гол разлика од 3 постигнати и дури 11 примени погодоци. Со вакви резултати, велешани ќе имаат тешка задача за да изборат опстанок во второлигашкото друштво.

  • Цела табела од Втора лига:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!