ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ТАБЕЛА ВМФЛ-Запад: Силекс и понатаму непоразен лидер, Воска Спорт се проби на второто место

И по седум кола во Втора лига – Запад екипата на Силекс останува непоразен лидер со 19 бодови. Одличната серија од шест последователни победи беше запрена од страна на Гостивар кој ремизираше со Силекс (2:2). Воска Спорт со „петардата“ над Кадино изби на второто место на табелата и има четири бодови помалку од ланскиот прволигаш.

Сега трет на табелата е Кораб кој во финишот со Тетекс се спаси и извлече бод за вкупно 14. Вардар и Тетекс со по 11 бодови ја делат четвртата позиција на табелата и токму овие две екипи во следното коло ќе ги одмерат силите.

Беса со осум бодови останува осма на табелата, а Гостивар со два помалку е во бараж зоната односно на седмата позиција. Велешта и Кадино ја делат осмата позиција со по пет освоени бодови, а Охрид ја продолжи резултатската криза и со новиот тренер и останува „закован“ на дното со само три освоени бодови.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!