ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ТАБЕЛА ВМФЛ: Воска Спорт осамена на врвот, Вардар и Гостивар на делба на второто место, Борец сè уште без бодови

По четири одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига екипата на Воска Спорт со максимални 12 бодови е осамена на врвот од табелата.

Охриѓани на стартот од новата сезона имаат четири победи на исто толку натпревари. Веќе во следното коло ќе гледаме супер-дерби помеѓу Гостивар и Воска Спорт, директен судир на двата големи фаворити за влез во Прва лига.

На делба на второто место со по 10 бодови остануваа Вардар и Гостивар, додека пак на делба на четвртото место со по 7 бодови се Детонит Плачковица и Пелистер.

На дното без бодови и понатаму останува Борец, кој повеќе од јасно е дека ќе има премногу тешка задача кога е во прашање опстанокот и во Втора лига, откако минатата сезона директно испадна од Прва лига.

Катастрофални резултати има и Каменица Саса, која по три нанижани порази во саботата се израдува на првиот бод, откако ремизираше против Слога во дербито во Виница.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!