ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ТАБЕЛА ВМФЛ: Воска максимална на врвот, Вардар и Гостивар во чекор со непоразениот лидер, Борец продолжува да тоне

По четири одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, Воска Спорт е единствената екипа која има максимални 12 бодови, односно четири победи од исто толку натпревари.

Охриѓани минатата сезона завршија на второто место во Втора лига – Запад, но во баражот за влез во елитата загубија убедливо од Тиквеш, кој го задржа прволигашкиот статус.

Воска го има најефикасниот напад со 11 постигнати погодоци, а токму вчера на мечот со Беса го прими првиот погодок.

Вардар и Гостивар со по 10 бодови го следат чекорот на непоразениот лидер на табелата. Вардар до врв ја наполни мрежата на Борец (6:0) и останува на второто место, додека пак Гостивар со високи 1:3 славеше над Пелистер и остана на третото место, со ист број на бодови како и Вардар.

РЕКЛАМИРАЈТЕ СЕ НА СПОРТСКА МРЕЖА, КОНТАКТ: 074 241 247

Борец сè уште е без бодови на табелата и гледа кон тежок опстанок во второлигашкото друштво доколку многу работи не се променат за брзо време. Велешани ќе имаат тежок предизвик кога е во прашање опстанокот, бидејќи Борец е единствената екипа која сè уште нема бодови.

Ланскиот прволигаш за жал ќе биде и многу блиску до испаѓање и во Трета лига – Југ.

  • Цела табела од Втората македонска фудбалска лига:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!