ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ТАБЕЛА ВМФЛ-Исток: Саса, Победа и Слога максимални, Локомотива, Осогово и Детонит без бодови

По две одиграни кола во Втората лига – Исток, само три екипи имаат максимални шест бода, односно две победи. Каменица Саса, Победа и Слога од Виница ја делат првата позиција на табелата.

Саса тргна одлично во новата сезона, откако во 1. коло со високи 1:4 го декласираше Осогово на гостински терен, додека пак вчера со минимални 1:0 славеше над Локомотива. Победа, исто така, има одличен старт во новата сезона. Прилепчани во првото коло на „Гоце Делчев“ пред околу 3.000 гледачи со пресврт славеа над Кит Го со 2:1, а вчера со сигурни 0:2 во Гевгелија ја запишаа втората победа над Кожуф. Слога од Виница, исто така на стартот од новата сезона има две последователни победи. Слога двата натпревари од новата сезона ги играше на домашен терен, во 1. коло славеше со 1:0 над Братство, а со ист резултат вчера славеше и над Осогово.

Фаворитот Беласица во 1. коло стигна до победа во Радовиш од 0:2 над повратникот Детонит, меѓутоа вчера на „Могила“ „кикса“ против новајлијата Братство играјќи 1:1, па сега струмичани се наоѓаат на четвртото место со 4 освоени бодови.

Делба на петто место има меѓу екипите на Кит Го и Кожуф кои запишаа по една победа и еден пораз. Кит Го во првото коло загуби во Прилеп од Победа со 2:1, а во второто коло во Штип со високи 4:1 го декласираше Детонит. Кожуф во 1. коло без проблем славеше над Локомотива со 0:2, а вчера на домашен терен загуби од Победа со 0:2.

Братство за првпат игра во Втората лига, а вчера оваа екипа на домашен терен го запиша историскиот бод, откако одигра 1:1 против фаворитот Беласица. Во првото коло екипата од Житоше загуби во Виница од Слога со 1:0 и во моментот е на седмата позиција.

Локомотива, Осогово и Детонит по две одигра кола немаат запишано бодови. Локомотива од Градско на домашен терне во 1. коло запиша пораз од 0:2 од Кожуф, а вчера загуби на гостувањето кај Саса со 1:0. Осогово во првото коло доживеа дебакл откако загуби со високи 1:4 од Саса на домашен терен, а вчера минимално со 1:0 загуби од Слога. Детонит кој е „закован“ на дното без бодови во првото коло загуби со 0:2 од Беласица, а вчера на „жешкиот“ терне во Штип беше декласиран со високи 4:1 од Кит Го.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!