ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ТАБЕЛА: Вардар Неготино на врвот, Превалец втор со пет бода негатива, Росоман трет

Уште две кола до крајот за комплетирање на сезоната во Трета лига – Југ. Вардар од Неготино е лидер на табелата со вкупно 59 освоени бодови и речиси е пред пласман во баражот за Втора лига, бидејќи е потребен само бод за обезбедување на шампионската титула веќе в недела.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Најсериозниот конкурент на неготинци, екипата на Превалец со пет бодови негатива (54) е на второто место на табелата и речиси без шанси за било какво изненадување на две кола до крајот.

Росоман кој пред две сезони се натпреваруваше во Втора лига – Исток со 46 бодови е на третото место на табелата, а пак Питу Гули, кој, исто така, беше дел од ВМФЛ – Исток пред две сезони е на четвртото место со 43 бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:

Откако ќе биде комплетирана Трета лига – Југ ќе биде извршена ждрепката со што ќе бидат познати и двојките кои ќе се борат за пласман во Втора лига. Во баражот ќе се соочат Овче Поле, Караорман, Арсими и речиси сигурно Вардар Неготино.

Текстот е овозможен Revolution Development

Победниците од овие два натпревари кои ќе се одиграат на неутрален терен ќе ги пополнат последните две места од Втора лига со што ќе бидат познати сите екипи кои ќе се натпреваруваат во Втора лига за сезона 2022/2023.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!