ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ТАБЕЛА ТМФЛ-Исток: Осогово, Овче Поле и Малеш го делат врвот, Вардарски сè уште без бодови

По три одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Исток екипите на Осогово, Овче Поле и Малеш со по седум бодови го делат врвот од табелата.

Поради подобрата гол-разлика ланскиот второлигаш Осогово е на врвот од табелата, а потоа следуваат актуелниот шампион Овче Поле и Малеш од Берово.

По шест бодови имаат Тиверија која е четврта и Рудар кој се наоѓа на петтото место, додека пак по четири освоени бодови имаат екипите на Карбинци и Академија Чешиново-Облешево.

Со по еден сезонски триумф односно со по три освоени бодови се екипите на Спартмани, Брегалница од Делчево и Победа од Валандово. Дојранско Езеро е претпоследен со само еден освоен бод, додека пак Вардарски од Богданци и понатаму е единствената екипа која сè уште нема освоено бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!