ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ТАБЕЛА ТМФЛ-Исток: Осогово и Тиверија убедливи, новајлијата Академија Чешиново-Облешево тргна победнички

Вчера, започна новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток, со одигрување на натпреварите од 1. коло кои предизвикаа дожд од погодоци.

На стартот од новата сезона Осогово и Тиверија беа најубедливи, големи победи запишаа и Малеш, Рудар и Овче Поле, како и новајлијата Академија Чешиново-Облешево која славеше над Брегалница од Делчево.

Осогово ја имаше најубедливата победа на стартот од сезоната, откако на домашен терен со убедливи 6:0 ја декласираше десеткувана Победа од Валандово, па сосема очекувано беше трите бодови да останат во Кочани.

„Жетварите“ кои лани беа дел од Втора лига – Исток и испаднаа во последното коло, најавуваат голема борба и експресно враќање во Втора лига, која сега е единствена со 16 екипи.

И Тиверија на стартот од сезоната се „распука“ и среде Богданци испука „петарда“ за Вардарски, кој на стартот од сезоната доживеа вистинска катастрофа од 1:5. Струмичани ја најавија победа уште во првиот дел од натпреварот со водството од 1:3.

Осогово е на врвот од табелата со 3 бодови, но поради гол разликата е на врвот, потоа со три бодови следува Тиверија, Малеш, Рудар кој е четврти, Овче Поле и Академија Чешиново-Облешево која е шестта со 3 бодови.

Без бодови се екипите на Брегалница од Делчево, Спартмани, Дојранско Езеро, Карбинци, Вардар и Победа од Валандово која е последна поради лошата гол разлика на стартот од сезоната.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!