РакометРакомет - Суперлига

ТАБЕЛА Суперлига: Вардар максимален на врвот, Андоновски му донесе втора победа на Тиквеш, дебитантот Скопје без бодови

По шест одиграни кола во ракометната Суперлига актуелниот шампион Вардар е на врвот со максимален учинок – 15 бодови. Вардар во саботата го доби Металург со сигурни 38:30. Еурофарм Пелистер е втор на табелата со 15 бодови, а битолчани викендот во Охрид се намачија, но на крај успеаја дома да се вратат со трите бодови.

15 бодови имаат и „младите пелистерци“ кои сезонава играат допадлив ракомет и се наоѓаат на високото трето место на табелата по шест одиграни кола со скор 5 победи и еден пораз од шампионот Вардар. На четвртата позиција е екипата на Пролет која исто така има 15 бодови. Потоа следува Охрид кој е петти со 12 бодови, а место подолу е Бутел кој исто така има 12 бодови.

Во долниот дел од табелата, односно на седмата позиција е екипата на Тиквеш која го врати Горан Андоновски на клупата и веднаш забележа втор сезонски триумф откако славеше против Прилеп на гостински терен. Кавадарчани имаат шест бодови. Со ист број на бодови е и екипата на Прилеп која е место подолу на табелата.

Поврзани Наслови

Металург е деветти со три бодови, а ист број на бодови имаат екипите на Струга и Радовиш, додека на дното од табелата е дебитантот Скопје 2020 кој останува сè уште без бодови.

Сè поизвесно е дека првите шест екипи на табелата ќе го формираат плеј-офот на табелата и ќе разигруваат за титулата и за местата во Европа, додека останатите шест екипи од долниот дел на табелата ќе го формираат плеј-аутот и ќе разигруваат за опстанок во ракометната елита.

ЦЕЛА ТАБЕЛА СУПЕРЛИГА:

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!