ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ТАБЕЛА: Слога на врвот во Истокот, конкурентите го губат чекорот со лидерот од Виница!

По 13. одиграни кола во Втората лига – Исток екипата на Слога од Виница со 31 бод е на врвот од табелата. Виничани имаат солидна бодовна предност пред конкурентите – четири бода повеќе од второпласираната Каменица Саса, пет во однос на Победа која сега е трета, и дури седум во однос на Беласица која е четврта.

Слога е во фантастична форма и ништо не ја запира во битката за директен пласман во Првата македонска фудбалска лига, а потврда за тоа е што денес по втор пат сезонава ја „тресна“ Победа.

Во средишниот дел од табелата се Кит Го со 19 бодови како петти на табелата, а бод помалку има Осогово кој е шестти.

На делба на седмата позиција и бараж зоната се наоѓаат Кожуф и Детонит со по 14 бодови. На дното од табелата се Локомотива од Градско која има шест бодови и на самото дно е Братство со само четири бодови.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ВТОРА ЛИГА – ИСТОК:

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!