ТАБЕЛА: Слога 1934, Беласица и Победа во трка за Прва лига, кој ќе испадне од Втора лига – Исток ?

На три кола до крајот екипата на Слога 1934 од Виница е лидер на табелата со 54 бодови, еден повеќе од Беласица и Победа кои ја делат втората позиција.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Овие три екипи меѓусебе ќе решаваат во последните три кола кој ќе обезбеди директен влез во ПМФЛ, кој ќе игра бараж, а кој ќе извиси и ќе остане повторно второлигаш.
Првата лига за Саса останува само сон, откако „рударите“ нанижаа два порази ги загубија сите шанси да се надеваат и за бараж, па до крајот од сезоната ќе играат растерените и без никаков резултатски притисок, а сезоната ќе ја финишираат на четвротото место од табелата, а ако е за утеха тоа е подобра резултат од минатата сезона кога Рударите со 35 бодови завршија на шестото место на табелата.
Борбата за опстанок ќе ја водат четири екипи, а само три ќе се спасат, кој ќе извиси и од следната сезона ќе настапува во Трета лига – Исток ?

Во најдобра ситуција е Кожуф од Гевгелија кој со 31 освоен бод е на петото место на табелата, пред конкурентите за опстанок Пехчево, Детонит и Осогово кои се наоѓаат на шестото, седмото и осмото место. Осогово е во најтешка ситуација односно се наоѓа во зоната за директно испаѓање (осмо место).
- РАСПОРЕД НА ЕКИПИТЕ КОИ СЕ БОРАТ ЗА ОПСТАНОК:
- коло:
Кожуф – Осогово
Детонит – Локомотива Градско
Братство – Пехчево - коло:
Каменица Саса – Кожуф
Осогово – Детонит
Победа – Пехчево - коло:
Кожуф – Беласица,
Детонит – Каменица Саса,
Братство – Осогово
Локомотива од Градско и Братство експресно испаднаа од Втората лига, ги „пакуваат куферите“ и веќе од следната сезона ќе настапуваат повторно во Трета лига – Југ.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ИСТОК:
