ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ТАБЕЛА: Силекс никој не го запира, Воска Спорт и Вардар во Охрид ќе решаваат за второто место!

И по 11. одиграни кола во Втората фудбалска лига – Запад Силекс нема пораз и останува на врвот од табелата со 31 освоен бод. Кратовци играа фантастично сезонава и се на добар пат да се вратат во Првата лига. Силекс два пати славеше над конкурентот Вардар и тоа е огромна предност кон враќањето во елитата.

Воска Спорт е втора на табелата со 22 бодови, два повеќе од Вардар кој е трет. Овие две екипи во Охрид ќе решаваат кој ќе биде на второто место – дали Воска Спорт ќе се задржи на истото или пак Вардар ќе се искачи на второто место кое преку бараж носи во Прва лига.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛАТА ТАБЕЛА:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!