ТАБЕЛА: Силекс непоразен лидер, Воска Спорт втора, голема борба за опстанок!

Силекс и понатаму е непоразен лидер во Втора лига – Запад со 47 освоени бодови, пет повеќе од Воска Спорт која е трета и дури 10 повеќе од Вардар кој е трет со 37 бодови. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб има најтешка задача за да обезбеди место кое носи во Прва лига.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Што се однесува до опстанокот во второлигашкото друштво за следна сезона екипата на Тетекс има најголема предност пред конкурентите. „Штофарите“ со 28 бодови се наоѓаат четвртото место на табелата, три помалку има Гостивар кој е петти, додека пак Беса со 21 бод е шеста. Кораби е седми со 20 бодови, а Охрид кој е во зоната за испаѓање односно на осмото место има 19 бодови. Велешта е претпоследна со 17 бодови, а Кадино е „закован“ на дното со само шест бодови и е сигурен третолигаш од следната сезона.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247
