ТАБЕЛА: Силекс непоразен лидер на Западот, Воска Спорт втора, Вардар во борба за бараж

И по 13. одиграни кола Силекс не знае за пораз – денес одигра 0:0 во дербито со Воска Спорт во Охрид. Кратовци имаат 35 бодови на врвот од табелата во Западот, додека пак Воска Спорт која е втора има девет помалку. Од конкурентите за Прва лига Вардар е најдалеку има дури негатива од 12 бодови во однос на првото место.
Дефинитивно борбата за Прва лига ќе се води помеѓу овие три екипи, а во најдобра положба е Силекс.
Тетекс е четврти со 18 бодови, а бод помалку има Гостивар кој е петти на табелата, додека пак Кораби со 16 бодови падна на шесттото место на табелата. Во бараж зоната се наоѓа Велешта со 14 бодови.
Беса со денешниот триумф се искачи на осмата позиција со 13 бодови, а два помалку има Охрид кој е претпоследен на табелата. Кадино е на дното со само шест бодови.
ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: