ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ТАБЕЛА: Силекс е сè поблиску до Прва лига, Воска Спорт ита кон нов историски успех

По 12. одиграни кола во Втората лига – Запад, Силекс е единствен непоразен второлигаш на Западот, но и на Истокот. Кратовци имаат 34 бодови и се сè поблиску до експресен камбек во елитата. Силекс е во фантастична форма од единаесет победи и едно реми со гол разлика 31:4.

Воска Спорт го доби дербито со Вардар и останува на второто место на табелата со 25 бодови, пет повеќе од третопласираниот Вардар. Момците на Раде Цицмиловиќ итаат кон нов историски успех – бараж за пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Вардар после вчерашниот пораз во Охрид го чека многу тешка битка за враќање во елитата. Има негатива од дури 14 бодови во однос на првото место, па сега фокусот ќе биде за второто место и баражот, а негатива е пет бодови.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!