ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ТАБЕЛА: Шкупи е лидер, Тиквеш се пробива кон средината, Борец и Пелистер на дното

По 15 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига Шкупи е лидер на табелата со 35 освоени бодови, четири повеќе од второпласираната Академија Пандев. Шампионот Шкендија е трет со 37 освоени бодови.

Ренова и Брегалница го делат четвртото место со по 25 бодови, а пак Струга има три помалку и се наоѓа на шестата позиција. Македонија ЃП по 15 кола има 20 бодови доволни за седмо место, додека пак Работнички кој продолжува да тоне со два бода помалку е осми на табелата.

Во бараж зоната остануваат и понатаму Скопје и Тиквеш. „Пиратите“ со 17 бодови се наоѓаат на деветтата позиција со 17 бодови, а пак кавадарчани имаат 13 и се десеттопласирани на табелата.

На дното од табелата односно во зоната за директно испаѓање се екипите на Борец и Пелистер. Велешани имаат осум бодови и се претпоследни на табелата, а пак Пелистер со само пет бодови е на последното место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!