ОстанатоФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Шкупи е лидер со максимални бодови, шампионот Проект им „дише во врат”, Велес „закован“ на дното

По осум одиграни кола во Првата футсал лига на Македонија екипата на Шкупи е лидер на табелата со максимални 24 бодови. Актуелниот шампион Проект кој го загуби дербито со Шкупи е втор на табелата со 21 бод.

Најблиску од врвот е Арбен Бајрами кој е трет со 18 бодови, а потоа следуваат Железарец како четврти со 12 бодови, а еден помалку има Карадаку кој е петти на табелата. Со двоцифрен број на бодови е и Јувентус Серава кој има десет и се наоѓа на шесттата позиција на табелата.

Енхалон е на седмата позиција со девет бодови, а два помалку има Црна Река која е осма на табелата. На претпоследната позиција на табелата е Шкендија со три бодови, а на дното е „закован“ Велес со само еден бод.

Колку за потсетување последните две екипи на табелата директно испаѓаат во Втората футсал лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!