ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ТАБЕЛА ПРВА ЛИГА: „Пандевци“ осамени на врвот, Пелистер „закован“ на дното без бодови!

Четири кола од Првата македонска фудбалска лига веќе се зад нас. Академија Пандев има одличен старт во новата сезона и непоразена осамна на врвот од табелата со 10 бодови. „Пандевци“ во досегашниот тек од сезоната играт фантастично и нижат позитивни резултати. Струмичките фудбалери имаат биланс од едно реми и четири последователни победи.

Струга е на второ место на табелата со 8 бодови, додека пак на делба на третото место се екипите на Ренова, Шкупи и Работнички со по седум освоени бодови. Македонија Ѓорче Петров во моментот е на шесттата позиција со шест бодови, по што следуваат шампионот Шкендија и Скопје со по пет бода и делба на седмата позиција.

Во бараж зоната се екипите на Брегалница и Борец со по четири бодови, додека пак во опасната зона е повратникот Тиквеш со еден бод и без бодови е битолски Пелистер кој е закован на дното од табелата.

Целосната табела од Прва лига:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!