ТАБЕЛА: Победа осамена на врвот, Слога 1934 втора, Беласица е трета, кој ќе биде третиот патник во Трета лига ?

На две кола до крајот од Втората лига – Исток екипата на Победа е на врвот од табелата со 56 освоени бодови, пред Слога 1934 која сега е втора со 55 бодови, а пак Беласица е трета со 53 бодови.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Прилепчани сами ќе си ја решаваат судбината на патот кон директен пласмна во Прва лига. Беласица и Слога 1934 веќе во следното коло во меѓусебен дуел во Струмица ќе решаваат кој ќе патува во баражот за Прва лига, или со евентуални два кикса на Победа да се надеваат за освојување на врвот од табелата.
- Распоред на трите екипи кои водат борба за Прва лига:
- коло:
Беласица – Слога 1934 Виница
Победа – Пехчево - коло:
Кожуф – Беласица
Слога 1934 Виница – Победа
Прва лига за Каменица Саса останува сон, „рударите“ сезоната ќе ја финишираат на четвртото, а опстанок на две кола до крајот избори и Кожуф кој ќе финишира на петото место на табелата.
Две кола, три екипи, а само една ќе се спаси, кој ќе биде третиот патник во Трета лига.
Пехчево и Детонит со по 30 бодови ја делат шестата позиција на табелата, а пак во најтешка ситуација кога е во прашање опстанокот е Осогово кој е на осмото место на табелата и се наоѓа во зоната за директно испашање.
Веќе во следното коло во Кочани во директна пресметка ќе решаваат Осогово и Детонит во меч каде „жетварите“ мораат да ги освојат трите бодови за излез од резултатската криза и за опстанок, во случај на триумф на радовишани тогаш Осогово ќе биде пред отпаѓање во Трета лига – Исток.
- Распоред на трите екипи кои водат борба за опстанок во Втора лига:
- коло:
Осогово – Детонит
Победа – Пехчево - коло:
Детонит – Каменица Саса
Пехчево – Локомотива Градско
Братство – Осогово
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ИСТОК:
