ТАБЕЛА ПМФЛ: Струга максимална на врвот, прва радост за Победа, Работнички повторно доживеа потоп

По седум одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига нема промени кога е во прашање врвот. Струга Трим Љум со максимални 21 бод е на врвот од табелата. Стружани играат фантастична сезона и имаат седум победи на седум натпревари, тие исто така го имаат и најефикасниот напад со 16 постигнати погодоци и најефикасната одбрана, која има примено само два погодоци.
На второто место е Силекс кој има 14 бодови, а потоа следува Шкендија со 11 бод и меч помалку.
Прва сезонска радост доживеа и Победа, која со минимални 1:0 ја доби Брегалница на домашен терен, додека пак Работнички по вторпат доживеа вистински потоп. „Романтичарите“ на Чаир загубија од шампионот Шкупи со убедливи 5:0, а со 0:5 загубија и во 2. коло од Академија Пандев на домашен терен.
На дното од табелата е Скопје со 3 бодови, а по четири бодови имаат Работнички и Победа кои се наоѓаат на десеттото односно деветтото место.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА:
