ТАБЕЛА: Овче Поле максимален по две одиграни кола, Карбинци, Малеш и Чешиново 2015 собраа по еден бод

По две одиграни кола во Третата лига – Исток екипата на Овче Поле со максимални 6 бодови е на врвот од табелата. Третолигашот од Свети Николе тргна одлучно во новата сезона и на стартот забележа две високи победи.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Дојранско Езеро со три бодови е втор на табелата, откако славеше во дербито во Берово над Малеш, но екипата од Дојран има натпревар помалку (од првото коло против Рудар, натпревар кој ќе се одигра на 13. април).
На третото место е екипата на Рудар со еден бод (но и натпревар помалку – од првото коло против Дојранско Езеро). Третолигашот од Пробиштип кој по неколку сезони се врати во третолигашкото друштво новата сезона ја започна со реми на домашен терен против Карбинци.
Малеш, исто така има еден бод и се наоѓа на четвртото место на табелата. По еден бод имаат и Карбинци кој е на петото место, како и Чешиново 2015 кој е на дното со еден освоен бод.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Во рамки на 3. коло екипата на Карбинци ќе биде домаќин на Малеш, Дојранско езеро ќе го пречека составот на Чешиново 2015, а пак во Свети Николе ќе гледаме локално дерби меѓу Овче Поле и Рудар од Пробиштип.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:
