ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ТАБЕЛА: Овче Поле апсолутен лидер на Истокот, Чешиново 2015 сè уште без триумф

Прегледот на табелата во Трета лига – Исток по 5. одиграни кола го овозможи Revolution Development.

По пет одиграни кола во третолигашкото друштво на Истокот екипата на Овче Поле со максимални 15 бодови е апсолутен лидер. Третолигашот од Свети Николе игра фантастична сезона и со гол разлика од 21 постигнат погодок и само три примени е далеку над останатите екипи.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Со ваква игра Овче Поле сигурно патува кон баражот за Втора лига, а денешниот триумф над најсериозниот конкурент од Дојран со убедливи 7:0 е потврда дека Овче Поле ќе го игра мечот кој носи промоција во второлигашкото друштво.

Дојранско Езеро е втор на табелата откако денес убедливи беше поразен (7:0) од Свети Николе, а пак Рудар кој денес го доби Малеш (1:0) е трет на табелата со 7 освоени бодови.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

На табелата потоа следува Карбинци кој денес за првпат се израдува во новата сезона и има 5 освоени бодови, Малеш со два бодови е на петото место на табелата, а пак Чешиново 2015 кој сè уште е без триумф во новата сезона е последен со само еден освоен бод.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!