ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Табела од Трета лига – Исток: Брегалница Делчево есенски шампион, кои екипи имат шанса за Втора лига ?

Викендот се комплетираше 11. коло со што беше заокружен есенскиот дел од Третата лига – Исток. Брегалница од Делчево е есенски шампион на Истокот со 28 освоени бодови. Уште четири екипи имаат амбиции и шанси за прво место и влез во Втората лига – Исток.

Детонит кој со два бода помалку е на второто место „диши во врат“ на екипата од Делчево. Радовишани имаат големи шанси за Втора лига, бидејќи остварија победа токму над Брегалница во Радовиш со 2:0, а во Радовиш падна и Малеш кој загуби со 3:2.

Овче Поле е трети со 24 бодови и после победата во последното коло над Спартмани со 2:0 останува во сериозна трка за првото место, како и екипите на Малеш и Хоризонт Турново.

ТМФЛ Исток – Табела

ПозКлубОНПобНПорПОСПРИГРБОД
1161321479+3841
21612134613+3337
31611233920+2935
41611144016+2434
5169164422+2228
6167363621+524
71651103444-1016
8164481631-1516
91651101548-3316
10164392243-2115
111631121945-2610
121612131965-465

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!