ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
ТАБЕЛА: Арсими е лидер во Трета лига – Запад, неколку екипи во битка за Втора лига!

По девет одиграни кола во Третата фудбалска лига – Запад екипата на Арсими е непоразен лидер на табелата со 25 освоени бодови.
Од конкурентите на второ место е Речица со три бода помалку, а потоа следуваат Врапчиште и ланскиот второлигаш Дрита кои го делат третото место со по 19 бодови, а еден помалку од нив има Велазерими кој е петти на табелата, екипа која лани се натпреваруваше во второлигашкото друштво.