Светскиот шампион Данска покажа моќ и ѝ нанесе пораз на младата Македонија

Македонија немаше сили за ново изненадување против светскиот шампион Данска, која на домашен терен со 37:21 славеше над подмладената Македонија.
Македонија настапи со изменет состав во однос на првиот дел во кој нашата репрезентација славеше над светскиот шампион, па денес во Алборг истрача без Лазаров и Миркуловски кои донесоа одлука да останта на клупата, а шанса добија младите ракометари, Мартин Серафимов од Металург и Емилијан Ѓоргоски од Голден Арт КЛ7. Во составот недостасуваше и Стојанче Стоиилов кој поради повреда остана во Скопје, а во ростерот пристигна Михаил Аларов од Пролет.
Одлично стартувавме и на почетокот имавме 3:3, по што Данска одлепи на 10:6 и ја оддржуваше предноста па на полувреме се замина со 17:10.
Во вториот дел Данска се искачи нан највисоки +12 при 23:11, а потоа нашите ракометари направија серија погодоци и стигнаа до девет негатива. Домаќинот пак се залета и зголеми на 30:17, а во последните десет минути немаше промени, па резулатот на крај гласеше 37:21.
Во нашите редови најдобар беше Кузмановски со пет гола, а по три постигнаа Пешевски и Велковски. Кај Данска најдобар беше Гидсел со сеум, а пет голови постигна Тофт Хансен.
Македонија има уште два натпревари да одигра за квалификациите за ЕП, на гости кај Финска и дома против Швајцарија.