ФудбалФудбал - Четврта Лига

Света Троица 2021 со убедлива победа против Лескоец ја отвори новата сезона во ОФЛ – Охрид

Денес беше отворена новата сезона од Општинската фудбалска лига – Охрид. На стартот од истата екипата на Света Троица 2021 тргна со убедлива победа од 9:0 против Лескоец.

Хет-трик постигнаа Боге Бимбилоски и Никола Угриноски, а по еден гол постигнаа Ване Никодиноски, Климчо Танаскоски и Крсте Божиновски. Натпреварот беше одигран на помошниот терен на „Билјанини Извори“ во Охрид.

Воведното коло ќе биде комплетирано утре со останатите натпревари. Рудар ќе биде домаќин на Слатино во Куратица, Вулкан во Косел ќе игра против гостинот Лешани, а пак на помошниот терен на „Билјанини Извори“ ќе играат Света Троица Црногорци против Куршум.

Екипата на Вапила се откажа од учество во новата сезона, па така екипата на Свети Петар ќе биде слободна.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!