ФудбалФудбал - Четврта Лига

Св. Троица 2021 славеше над Рудар, Слатино го распадна Лешани

Во Општинската фудбалска лига во Охрид се одигра заостанатиот натпревар во кој Св. Троица 2021 на домашен терен со 3:2 славеше над Рудар.

Revolution Development е софтверска компанија aпосветена на развој на врвни решенија за бизниси

Со овој натпревар се заокружи натпреварувањето во охридскиот регион од Општинската фудбалска лига и ќе се чека последното коло од регионот на Дебрца.

Во заостанат натпревар во регионот на Дебрца екипата на Слатино со убедливи 8:1 ја распадна екипата на Лешани на домашен терен.

Во охридскиот регион екипата на Св. Троица Црногорци е на врвот од табелата, а пак на второто место е Св. Троица 2021.

На едно коло пред крајот во регионот на Дебрца Слатино е на прво место, а пак Славеј е втор.

Со комплетирање на последното коло во регионот на Дебрца ќе биде заокружен регуларниот дел од ОФЛ Охрид, по што ќе се одиграат плеј-оф натпреварите за обезбедување на место во Трета лига – Југозапад, каде ќе вкрстат двете најдобри екипи од двата региони.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!