Турнири

„Св. Наум Охридски“: Сикоп Компани со убедлива победа, триумф за Алфи Карбинци, КПД Штип со службена победа

Во рамки на шестата вечер од турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“ во Стар Караорман, Штип екипата на Сикоп Компанија забележа убедлива победа од високи 8:1 над Штип Сити, кој немаше сили да парира на силниот противник.

Во вториот меч Авто Лакер Панац загуби од Алфи Карбинци со резултат од 1:3. Третиот меч не се одигра, па екипата на КПД Штип со службени 0:3 го добива дуелот со Алго Мак.

Утре од 19:00 часот ќе се соочат Маса Бр 6 и Ел Пасо од Чардаклија, еден час подоцна Задруга Радање ќе игра против Радио такси Делукс, а пак од 21:00 часот ПВЦ Петров ќе се соочи со екипата на Кај Дацо.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“!

Вила со базен и поглед кон Охридското езеро, бидете сведоци на најубавите зајдисонца

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!