Турнири

„Св. Наум Охридски“: Нови победи за Маса Бр 6 и ПВЦ Петров, Радио такси Делукс се „распука“ за убедлива победа

Синоќа беа одиграни нови три натпревари од турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“ кој се игра во штипско Стар Караорман.

Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро

Во првиот меч екипата на Маса Бр 6 запиша нов триумф, откако со 4:2 славеше над Ел Пасо од Чардаклија. Во вториот меч Задруга Радање доживе потоп, откако загуби со убедливи 2:9 од Радио такси Делукс.

Во последниот меч кој започна во 21:00 часот екипата на ПВЦ Петров запиша сигурна победа од 3:0 над Кај Дацо.

Вечерва ќе бидат одиграни последните три натпревари од групната фаза. Во 19:00 часот Теа Бар Трејд ќе се соочи со Чукур Спорт, Дар Мар ќе игра против Штип Сити, а пак во последниот меч од 21 часот екипата на Сикоп Компани ќе игра против Лас Палмас.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!