„Св. Наум Охридски“: Маса Бр 6 со „петарда“, големи победи за Задруга Радање и Алфи Карбинци

Вечерва беа одиграни натпреварите од четвртиот ден од турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“ во Стар Каораман, Штип.
Првиот меч кој стартуваше во 19 часот донесе голема неизвесност за гледачите и љубителите на малиот фудбал. Алго Мак загуби со тесен резултат (3:4) од Алфи Карбинци. Во вториот меч Маса Бр 6 испука „петарда“ и ја торпедираше екипата на Радио такси Делукс со високи 5:1.

Во последниот меч од 21:00 часот Задруга Радање беше убедлива со високи 4:1 над екипата на Ел Пасо од Чардаклија, која го претрпе вториот пораз на турнирот во Стар Караорман.
Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро
Утрешниот ден од турнирот носи нови три возбудливи мечеви. Во првиот натпревар ПВЦ Петров ќе се соочи со Џокер Спорт, во вториот натпревар Теа Бар Трејд ќе брка втор триумф над Кај Дацо, а пак во 21:00 часот ќе стартува пресметката помеѓу Дар Мар и Лас Палмас.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“!