Турнири

„Св. Наум Охридски“: Лас Палмас го тресна Штип Сити со ШЕСТ гола, АЛ Панац и Теа Бар Трејд убедливи

Вечерва беа одиграни натпревари од третата вечер од турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“ во Стар Караорман, Штип.

Вечерта беше отворена со убедливата победа на Лас Палмас од високи 1:6 над Штип Сити, кој немаше сили да го запре налетот на противникот.

Во вториот меч кој стартуваше во 21:00 часот, Авто Лакер Панац без проблеми го прегази тимот на КПД Штип, а пак во последниот меч од 22 часот, ПВЦ Петров беше поразен со 3:6 од Теа Бар Трејд.

Утре во 19:00 часот стартува дуелот помеѓу Алго Мак и Алфи Карбинци, во вториот меч од 20 часот Маса Бр 6 ќе игра против Радио Такси Делукс, а пак во последниот меч од 22 часот Задруга Радање и Ел Пасо од Чардаклија ќе бркаат прва радост на турнирот во мал фудбал во Стар Караорман, откако во првата рунда загубија катастрофално.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!