Турнири

„Св. Наум Охридски“: Кај Дацо и Дар Мар со убедливи победи, висок триумф и за Авто Лакер Панац

Вечерва беа одиграни натпреварите од втората вечер од турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“ во с. Стар Караорман – Штип.

Во првиот меч кој започна во 19:00 часот екипата на Авто Лакер Панац со убедливи 4:1 ја надигра екипата на Алго Мак. Во вториот меч Дар Мар со 5:3 беше подобар противник од Сикоп Компани. Без проблеми екипата Кај Дацо со 3:1 го доби Чукер Спорт во последниот меч за оваа вечер.

Утре во 20:00 часот за отвара третата вечер од турнирот во Стар Караорман. Во првиот меч Лас Палмас ќе играат против Штип Сити, во вториот меч КПД Штип ќе игра против Авто Лакер Панац, а пак во третиот меч од 22:00 часот ПВЦ Петров ќе ги одмери силите со Теа Бар Трејд.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!