„Св. Наум Охридски“: Дар Мар со висок триумф, Сикоп Компани преку пенали во полуфиналето

Синоќа беше комплетирана четвртфиналната фаза од турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“, кој се игра во Стар Караорман, со што се познати сите патници во полуфиналето.
Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен
Првиот меч понуди вистинска возбуда за гледачи, Маса Бр 6 и Сикоп Компани одиграа 2:2 во регуларниот дел, па победникот беше одлучен преку пенал-рулетот, каде Сикоп Компани со 3:2 беше подобар и обезбеди „виза“ за големото полуфинале.
Во вториот натпревар, Дар Мар преку Радио такси Делукс обезбеди полуфинале, откако со 6:4 беше подобар противник.
Во полуфиналето покрај Дар Мар и Сикоп Компани ќе играат и Алфи Карбинци и Авто Лакер Панац.
Миа – ладно цедено масло од лешник и путер од лешник
Вечерва со почеток од 20 часот ќе се судрат Авто Лакер Панац и Алфи Карбинци, а пак еден час подоцна, односно од 21 часот ќе се соочат Сикоп Компани и Дар Мар.
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“!